ПСЖ веќе не крие, Погба е приоритет број еден

Претседателот на актуелниот шампион на Франција, ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека за време на летниот преоден рок ќе испрати официјална понуда за малдиот фудбалер од редовите на Јувентус, Пол Погба.

“Пол е роден во Париз и станува збор за фантастичен фудбалер. Пол е иднината на францускиот фудбал. Нема да се обидеме да ги осигураме неговите услуги за време на зимскиот преоден рок, но ќе се обидеме да го купиме во летниот преоден рок. Во овој момент не можам да кажам дека сме заинтересирани само за еден фудбалер. Ја следиме ситуацијата, внимаваме на се што се случува кога е во прашање зимскиот преоден рок. Никој точно не може да каже се што може да се случи во јануари. Можно е некој да се повреди. Тогаш ќе мораме да купиме нов фудбалер”, изјави Ал-Келаифи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.