Птичји грип во Бугарија

Случај на птичји грип H5N1 е регистриран во реонот на бугарскиот град Бургас, изјави денеска бугарскиот заменик-министер за земјоделство и храна, Цветан Димитров.

Од Минитерството посочија дека нема директна опасност по населението и преземени се сите мерки за справување со заразата.

За да остане случајот изолиран и да не се претвори во жариште, издадена е наредба од Обласната управа на Бургас за итни мерки за спречување на ширењето на заразата. Забрането е преместување и превоз на птици во реонот, како и продажба на живинарски производи.