недела, 15 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Промовирани публикациите за потребите на Бизнис центрите на планинските региони

Промовирани публикациите за потребите на Бизнис центрите на планинските региони

Промовирани публикациите за потребите на Бизнис центрите на планинските региони

Последни вести

Во Скопје денеска беа промовирани Збирка на индустриски зони ,Водич за инвеститори и ВЕБ платформа, решенија за подобар пристап до услугите на локално ниво за секој од планските региони, изработени за потребите на Бизнис центрите на планските региони во рамки на проект на Министерството за локална самоуправа, реализиран со поддршка на УНДП.

Министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани, рече дека оваа година ќе остане запаметена како година во која се воспоставени бизнис центри во сите осум плански региони, кои ќе располагаат со Водич за инвеститори во планскиот регион, Збирка на индустирски зони, Електронски регистри на мали и средни претпријатија, како и ВЕБ платформа на која ќе бидат достапни сите информации за постојните и потенцијални инвеститори.

Промовирани публикациите за потребите на Бизнис центрите на планинските региони

Промовирани публикациите за потребите на Бизнис центрите на планинските региони

Со овие нови алатки јавниот сектор своите развојни политики ги симнува на локално ниво, поблиску до бизнис секторот, како директен корисник на услугите што ќе ги испорачуваат Бизнис центрите, истакна Шабани, на денешниот координативен состанок со центрите за развој на планските региони.

Советите на планските региони, продолжи Шабани, оваа година усвоија и нови Програми за развој на планскиот регион за периодот до 2019-та година, додавајќи дека Министерството во соработка со Центрите и Бирото за регионален развој финансира 107 проекти со 2.160.000 евра.

Постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон на денешната презентација на решенијата, изрази задоволство од соработката со Министерството, особено во процесот на децентрализација и обезбедувањето на развој, нови работни места и еднакви можности локално, на ниво на општини и региони.

Бизнис центрите на планските региони од април годинава организираа 28 различни настани, кои привлекоа повеќе од 1.000 бизнисмени, кои се информираа за инвестирање и за можностите достапни на локално ниво, што покажува дека тие во иднина ќе помогнат за поддршка на бизнис заедницата и обезбедување на подобар живот за луѓето на локални и регионално ниво, истакна Винтон.

Најчитани вести