Пучот во Турција е предупредување за Македонија

ЗОШО ВО ВАШИНГТОН НИКОГАШ НЕМАЛО ОБИД ЗА ПУЧ?

ЗАТОА ШТО ТАМУ НЕМА АМЕРИКАНСКА АМБАСАДА.

Обидот за пуч против Ердоган се покажа токму за тоа за кое повеќе пати сум пишувал: САД можат да бидат победени само со цврст став, со борба до крај. Како што своевренено беше победен Хитлер. Не случајно, ознаките на НАТО и на тогашната германска армија се исти.

Нека, да направиме споредба меѓу политичките состојбите во Турција и Македонија. И Ердоган и Груевски се потврдени лидери во своите држави, иако во различен мастаб. Турција е регионална сила и се обидува да стане светска економска и политичка сила. Македонија пак, се обидува да се одржи како држава со своето уставно име и со својот македонски идентитет. Целите на Турција и на Македонија се како трн во окото, не само кај нивните соседи туку и на САД. Затоа што Македонија нема никогаш да си го дозволи самоуништувањето во корист на „Голема Албанија“, иако е поддржана од Американците. Додека, пак, Турција не сака да биде сателит на САД.

Општото меѓу Ердоган и Груевски е тоа дека и двајцата имаат доволно време да расчистат со платениците на САД во своите држави. И сето тоа не го направат по исти прицини: од една страна, затоа што се кандидати за ЕУ. Турција и’ се умилкува на Унијата веќе половина век, додека пак Македонија десетина години – и тоа неуспешно; а, од друга страна и двете држави отворено не сакаат да им се спротивстават на САД.

ОТТУКА ПОЧНУВА РАЗЛИКАТА МЕЃУ ЕРДОГАН И ГРУЕВСКИ.

Во 2013 година Ердоган се соочи со пуч организиран од САД. Минатата година направи обид да се сврте кон Американците и го урна рускиот авион/меѓутоа постои верзија дека авионот бил урнат со израелска ракета, а Ердоган ја прифатил одговорноста по инсистирањето на САД/. Со тоа го прекршил тестаментот на Ататурк – никогаш Турција да не војува против Русија. Во периодот 2013-2015 година Ердоган ја игра играта на топло-ладно со САД и за на крај мислеше дека не е на прицел. Уште во 2011 година по средбата со потпретседателот Бајден, Груевски мораше да сфати дека е непожелен од САД, бидеќи не им попушта на нивните ултиматуми. Само што тој продолжи да мисли дека може да пролонгира т.е да добие во време кон американските ултиматуми. Но, меѓувремено, Ердоган почна да ги чисти американските пучисти од армијата и судскиот систем, а Груевски не пресече ништо до почетокот на пучот во Македонија во 2014. Нешто повеќе. Веќе две години владејачката ВМРО-ДПМНЕ дава можност практично опозицијата и соросоидите да владејат со државата.

Пред Ердоган и пред Груевски имаше два избора: да се повлечат или да се борат. Ердоган не прифати да се повлече, напротив стана турски претседател и ги прошири своите ингеренции. Груевски го прифати срамниот Договор од Пржино, го прифати и нелигитимното СЈО, иако знаеше дека истото е создадено за него – да биде уапсен и ставен во затвор. Го прифати и повлекување од премиерската функција. На тој начин беше понижен и тој и владејачката партија, а со тој и околу половина милион негови приврзаници.

Со што потклекна на притисоците? Едниот одговор е – од страв. Да се потсетиме дека договорот во Пржино беше потпишан по дефектот на владиниот авион…