Пучдемон ја повика Каталонија на мирен демократски отпор кон Шпанија

Карлес Пучдемон © Photo/Emilio Morenatti

Народот на Каталонија мора да покаже мирно демократски спротистевување на одлуката на владата на Шпанија да ја отстрани каталонската влада и да ги распушти покраинскиот парламент по прогласувањето на независноста на република, изјави во саботата исто така отстранетиот од должноста од страна на шпанските власти каталонскиот претседател Карлес Пучдемон во своето официјално обраќање на регионалната јавна телевизија TV-3.

„Најдобар начин да се заштити придобивката на она што до дене е остварено е демократското спротиставување на членот 155 (од уставот на Шпанија). Тоа мораме да го направиме, ниту за миг не отстапувајќи од граѓанското и мирно однесување“, изјави каталонскиот челник Карлес Пучдемон.

Им се заблагодари на своите сонародници за совесноста и мирната атмосфера изминатите денови кога владата во Мадрид се закануваше а во петокот го активираше споменатиот член 155 првпат од воспоставувањето на демократијата во Шпанија во 1978 година по падот на хунтата на Франциско Франко, со којашто се суспендира автономијата на автономната покраина Каталонија, се распуштаат нејзините парламент и органи, а нивните овластувања ги преземаат шпанските министерства.

„Вашата реакција е реакција на зрела држава. Ќе продолжиме настојчиво да инсистираме со единствениот став дека кој може да ни донесе победа – без насилство, без вознемирување, со инклузивен пристап, уважувајќи ги луѓето, симболите, мислењата и уважувајќи го, исто така, протестот на Каталонците кои не се согласни со одлуката на парламентарното мнозинство“, рече каталонскиот челник.

Пучдемон, исто така, истакна дека одлуката на Мадрид во однос на Каталонија, коешто вклучува отстранување на владата на автономијата и распуштање на парламентот кој прогласи независност, е спротивно на волјата на каталонскиот народ.

„Шпанскиот совет на министри донесе одлука да ја суспендира работата на целата влада на Каталонија, вмешувајќи се во работата на нашата самоуправа и распуштајќи го парламентот. Тие одлуки им противречат на волјата изразена од нашите граѓани на нашата земја на избирачките места. Во демократско општество парламентот ги избира или сменува претседателите“, додаде Пучдемон.

Како што истакна Пучдемон, каталонскиот парламент „го исполни својот мандат, даден од граѓаните на избирачките места“ уште на изборите за законодавното собрание во 2015 година, кога победија партиите од десницата и левицата кои се застапуваа за излегувањето на Каталонија од Шпанија. „Мнозинството, избрано на избори, го одобри прогласувањето на прогласувањето на независноста“, истакна.

Пучдемон додаде дека покраинските власти имаат намера да продолжат да одат по патот на градење на независната држава. „Ќе продолжиме да работите за да изградиме слободна држава“, порача.

„Ќе продолжиме да работиме за да изградиме слободна држава којашто ќе гарантира создавање општество во коешто ќе има помалку неправди, повеќе еднаквост и повеќе братство со сите народи во светот, почнувајќи од народот на Шпанија, со кој ние сакаме да постигнеме меѓусебно почитување и признавање“, рече во продолжение Пучдемон.

Како што призна Пучдемон, Каталонија влегува во нова етапа од својата историја „со којашто земјата досега никогаш не се соочила“. „Мораме да ги сочуваме спокојството, упорноста и визијата за иднината“, додаде каталонскиот претседател. Рече дека неговиот тим има намера да го продолжи патот означен со референдумот од 1-ви октомври, на кој мнозинството Каталонци се изјаснија за независноста до Шпанија. „Нашата волја е да продолжиме да работите, за да го исполниме демократскиот мандат“, порача Пучдемон.

 

Членот 155 на владата во Мадрид ѝ овозможува презимање акции во случај на оглушување на регионот. Досега, во текот на изминатите 40 години од шпанската демократија, никогаш е применет овој член кој се опишува како „нуклеарна опција“ против каталонскиот обид да се осамостои.

Не е јасно засега на кој начин Пучдемон и неговите приврзаници ќе му се спротистават на Мадрид. Пучдемон беше предупреден дека ризикува обвинение за бунт, кривично дело за коешто може да биде осуден и до 30 години затвор. Неговиот адвокат изјави дека обвинението за бунт би претставувала „апсолутна лудост“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.