Пучдемон ја повикува ЕУ да го почитува исходот од изборите

Отстранетиот претседател на шпанската покраина Каталонија, Карлес Пучдемон, ги повика во саботата Шпанија и Европската унија да ги почитуваат резултатите од декемвриските регионални парламентарни избори коишто ги распиша владата во Мадрид откако ги суспендираше овластувањата на покраинските власти, додавајќи дека шпанските власти да стават крај на директната управа доколку победат оние коишто гласале за самостојност.

Обраќајќи се на јавноста од Белгија, каде што пребега на почетокот од ноември за да не биде притворен во Мадрид под обвинување дека поттикнувал бунт и го организирал референдумот од октомври за независност на Каталонија, Карелс Пучдемон изјави дека станува збор за најзначајното гласање во историјата на Каталонија.ж

„Дали ќе ги прифатите резултатит од референдумот одржан на 21-ви декември доколку победи страната којашто се залага за независност? Дали ќе се обврзете да ја завршите директната управа, доколку така покажат резултатите:“, запраша Пучдемон додека неговите приврзаници кандираа „Пучдемон, е нашиот претседател“ во говорот во кој ја откри листата кандидати за коишто би требало да се гласа.

Откако ги распушти каталонскиот парламент и регионалната влада како одговор на резултатот од референдумот во октомври кој го забрани уставниот суд на Шпанија, а на кој мнозинството жители на Каталонија кои излегоа на избирачките места се изјаснија за независност, шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека ќе се одржат нови парламентарни избори во Каталонија, повикувајќи го Пучдемон да се кандидира на нив..

Каталонските партии ориентирани за независност следниот месец очекуваат победа на изборите, иако би можело да се случи да не остварат доволен број мандати во парламентот, а тие се потребни за повторно да се организира кампања за одржување референдум за отцепување покажуваат анкети.

„На 21-ви декември мораме јасно да им порачаме на Мадрид и на Европската унија дека демократијата во Каталонија не смее да се поткопува. Никогаш повеќе во Каталонија“, порача Пучдемон од градот Оосткамп во близина на Бриж, дел од белгискиот фламански регион кој и самиот има слични аспирации како и каталонските.

Челниците на ЕУ се извонредно загрижени поради каталонското барање за независност, бидејќи тоа би поттикнало лавина од сличните тежнеења и надвор од шпанските граници.