Пучдемон најави дека поборниците независност наскоро ќе формираат влада во Каталонија

Отстранетиот претседател на каталонската влада Карлес Пучдимон во понеделникот од данската престолнина Копенхаген порача дека заговорниците за независноста на Каталонија наскоро ќе формираат влада и го повика Мадрид да ја признае нивната победа.

„Мадрид треба да признае дека силите за независноста победија на изборите коишто ги распиша шпанскиот премиер Маријано Рахој. Незаконското управување со Каталонија од Мадрид треба да престане. И покрај заканите, наскоро ќе ја формираме владата“, изјави Карлос Пучдемон на Универзитетот во Копенхаген каде учествуваше на трибина посветена на ситуацијата во и околу Каталонија.

„Време е за преговори за завршување на репресијата и барање политичко решение“, додадел каталонскиот политичар.

Пучдемон во понеделникот во Копенхаген допатува од Брисел и е негово прво излегување од Белгија каде што се наоѓа од 29-ти октомври кога избегна апсење под обвинение за поттикнување на бунт и непослушност против Шпанија, трошење јавни покраински пари за референдумот за независност на Каталонија и за негово организирање и спроведување, за што му се заканува долгогодишна затворска казна откако шпанскиот уставен суд го прогласи референдумот за неуставен и го забрани. Поборниците на независноста тврдат дека е во „егзил“, додека оние кои се за унитарноста на Шпанија велат дека е „во бегство од правдата“.

Во понеделникот новиот претседател на каталонскиот парламент Рожер Торент во обраќањето до медиумите рече дека 55-годишниот Пучдемон е единствениот кандидат за претседател на новата покраинска влада. Трите партии за независност на Каталонија освоија 70 од 135-те мандати на изборите на 1-ви декември коишто ги распиша официјален Мадрид, и инсистираат на Пучдемон како претседател.

Шпанскиот суд во понеделникот го одби барањето на државниот обвинител повторно да ја активира меѓународната потерница и европскиот налог за апсење на Пучдемон и да бара негова екстрадиција од Данска, иако сѐ уште доколку стапне на шпанска територија му се заканува апсење. Претходно судот ја повлече потерницата за да се избегне можноста белгиските власти да му одобрат политички азила, сметајќи дека Брисел може да го екстрадира само под обвинение за користење јавни пари за организирање на референдумот спротивен на шпанскиот устав, но не и за бунт и непослушност.

„Бараме дијалог и волја за преговори“ изјави Пучдемон на факултетот за политикологија во Копенхаген. Парламентарната распата во Барселона за неговото именување би можела да се одржи на 31-ви јануари. И додека партиите за независност имаат намера да го изгласаат и покрај тоа што физички не е присутен, шпанската влада порача дека нема да биде именува. Доколку биде изгласан, централната влада во Мадрид ќе се жали пред Уставниот суд, и ќе продолжи да ја управува североисточната најбогата покраина, односно да ја суспендира автономијата на регионот во кој живеат околу 7,5 милиони луѓе.

Пучдемон во текот на дебатата во Копенхаген остро ја нападна шпанската држава и ја обвини Европската унија за „соучесништво во насилството“.

„Плативме енормна цена за нашиот колективен успех од 1-ви октомври. Шпанската држава ги третира како терористи притворените членови на каталонската влада. Таа не дејствува во согласност со правосудството, туку за да се одмазди“, истакна Пучдемон.

„Во ниту една друга демократска земја не би бил прифатен прогонот на легитимно избрана демократска влада, меѓутоа во Шпанија е долга сенката на (поранешниот диктатор генералот Франсиско) Франко. Во игра е демократијата во ЕУ.“, истакна каталонскиот челник и запраша како Брисел реагира во случајот на Полска (поради изгласување закони за реформа на судството –з.р.), а не и на Шпанија.

Во Барслеона Инењ Аримадас, челничка на центристичката партија Граѓани која е против независноста, истакна за медиумите дека „Пучдемон изведува спектакл“. Оваа партија освои поединечно најмалку места во каталонскиот парламент 37 од 135 места, едно повеќе од коалиција Заедно за Каталонија на Пучдемон, но немаше доволна поддршка од другите парти кои се противат на независноста. Во Мадрид државниот секретар за територијални прашања Хозе Луис Аион реле дека „Пучдемон не може да биде кандидат за претседател на владата“.

„Надвор е Шпанија и барал да се пренесе неговиот глас за друг пратеник, што значи дека нема да присуствува на расправата за именување. Правниците на каталонскиот парламент веќе кажаа дека прописите не дозволуваат именување преку телевизиски екран, ниту делегирање на говорот на друга личност“, рече Аиљон.

Претседателот на каталонскиот парламент Торент во понеделникот побара средба со премиерот Рахј кој треба да даде мандат за составување на нова влада, имајќи предвид дека шпанската централна влада ги распиша предвремените избори по распуштањето на регионалната каталонска влада кон крајот на октомври.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.