Пучдемон пуштен на условна слобода

Отстранетиот каталонски претседателот Карлос Пучдемон и четворицата поранешни членови од неговата влада по којашто е издаден шпански и европски налог за апсење, се пуштени на условна слобода ноќта кон понеделникот по одлуката на судијата од истрагата, соопшти федералното обвинителство во Брисел.

„Поранешниот челник на Каталонија и неговите пораншни советници кои го придружуваат во Белгија, беа пуштени на слобода, под услов да останат во земјата, додека не се реши прашањето за екстрадиција во Шпанија“, пишува на Twitter заменикот на шефот на Каталонската националниот асамблеа, една од најголемите националисттичкијавни организации во поркаината, Аугусти Алкоберо.

Петтемина Каталонци во неделата утрото доброволно се предадоа во полицијата во белгиската престолнина, каде што се засолнија на почетокот од минатата седмица. Сега втор суд во следните 15 дена треба да одлучи дали ќе го спроведе европскиот налог за апсење кој го издаде Шпанија.

Судијата кој имаше 24 часа за одлуката во евентуалното притворање на петте Каталонци, го прифати предлогот на државното обвинителство во Брисел.

Тие „не смеат да ја напуштат белгиската територија без одобрување на истражната судија“, „мора да ја остават адресата на којшато престојуваат и да се одѕват на сите судски и полициски повици“. На оваа одлука не може да се вложи жалба, додаваат државното обвинителство.