Свет

Каталонскиот челник ја обвинува партијата на Рахој за поттикнување на сепаратизмот Пучдемон смета дека има алтернативно решение освен независноста

Пучдемон смета дека има алтернативно решение освен независноста

Отстранетиот каталонски претседател Карлес Пучдемон оценува дека е можно и некое поинакво решение освен независноста на неговата покраина и додева дека тој секогаш е за договор со Шпанија во разговорот објевен во белгискиот дневен весник Le Soir.

„На располагање сум и секогаш сум подготвен да прифатам некој поинаков однос со Шпанија“, вели каталонскиот челник Карлес Пучдемон кој веќе три седмици со уште четворица поранешни министри на неговата влада е во егзил во белгиската престолнина Брисел и притоа прецизира дека освен независноста е подготвен да разгледа и друго решение.

„Тоа секогаш е можно. Јас, кој секогаш сум бил сепаратист, работев триесет години на постигнување на некоја поинаква позиција на Каталонија во Шпанија“, продолжува Пучдемон.

„Јас сум секогаш за договор“ инсистира Пучдемон и ја обвинува Народната партија (PP) на шпанскиот премиер Маријано Рахој дека е одговорна за зголемувањето на сепартатизмот во Шпанија, особено во Каталонија.

Сепаратизмот во Каталонија е поттикнат со поништувањето на статусот на автономија од 2010 година кој ѝ даваше широки овластувања на оваа североисточна покраина со посебен етнички и јазичен идентитет, а тоа делумно поништување го нареди Уставниот суд на Шпанија, по барање на Народната партија.

„Алтернативното решение за независноста се постигнува денес преку изборите од 21-ви декември“, изјави во одговорот на изјавата на Пучдемон шпанскиот министер за надворешни работи Алфонсо Дастис, кој исто така во понеделникот престојуваше во Брисел, и кој го повика Пучдемон да се кандидра на вонредните избори што ги распиша владата во Мадрид за да види колкава поддршка има.

Партијата Каталонската републиканска левица (ERC), сојузник на партијата на Карлес Пучдемон во соборената каталонска влада, призна во понеделникот дека таа влада не била подготвена да ја брани независноста по забранетиот од Мадрид референдум од 1-ви октомври.

„Каталонската влада не беше подготвена да ѝ се спротистави на авторитарната држава подготвена без ограничување да ја користи репресијата“, изјави порпаролот на оваа партија, Серхи Сабриа во Барселона.