Сите - Македонија,Македонија

ПУИГ ја осуди „несеќната и неточна“ изјава на Рашковски

ПУИГ ја осуди „несеќната и неточна“ изјава на Рашковски

Ја осудуваме несреќно дадената изјава на Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, укажувајќи дека изнесените факти во врска со подготовките за одржувањето на Супер купот 2017 на Арената „Филип Втори” се тотално неточни и невистинити, се вели во демантот од Кабинетот на Генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје.

„Драги Рашковски да престане да се однесува како опозиционер, да седне и да почне конечно да работи за добро на граѓаните. Господине Рашковски, од Вас е побарано само да ставите точка на дневен ред на Седница на Влада, со што само ќе се донесе одлука со која средствата со кои располага АДИССДП, а се наоѓаат на ненаменските сметки, ќе бидат искористени за подготовки за Суперкупот и со тоа сте ја завршиле Вашата работа. Не губете време во разговори со фирми и држење на прес конференции со кои несвесно или свесно нанесувате неповратна штета на угледот на АДИССДП и Република Македонија“, му порачуваат од спомнатата институција на генералниот секретар на Владата, Драго Рашковски.

Во однос на јавни набавки на АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор, укажуваат дека тие се спроведени согласно Законот за јавни набавки со електронска аукција и избор на понудувач со понудена најниска цена.

„Во иднина би Ве замолиле подобро да се информирате и да ги презентирате вистинските износи, зошто вака излегувате смешен пред македонската јавност. АДИССДП е најтранспарентната институција и на медиумите и македонската јавност може да ѝ биде на увид секоја јавна набавка“, се порачува во реакцијата.