Пукал со проектил и се самоповредил

Полициската станица Кратово поднесе кривична пријава против С.Н.(31) од Кратово за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и О.И.(28) од Кратово за сторено кривично дело „помагање“.

На 31.07.2014 година, околу 16:00 часот првопријавениот во Паб „Корнер“ во хотел Силекс-Кратово од пиштол непозната марка испукал еден куршум и го оштетил стаклото од излогот на угостителскиот објект.

По ова, со возило на второпријавениот се упатиле кон село Кетеново, кратовско каде С.Н. повторно испукал неколку проектили, при што со еден проектил се смоповредил.

Истиот е пренесен во Медицински центар Куманово, а при претрес на теренот кај место „Рампа“ во Кратово пронајден е пиштол марка „Пјетро Берета“ кој бил во сопственост на дедото на првопријавениот за кој истиот поседувал дозвола.

Од страна на Основен суд од претходна постапка на првопријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.