Пукал во колегите, па се разнел со бомба

Младиот програмер од Белград, Небојша С.(30) убил свој поранешен колега и ранил двајца, по што се разнел со бомба, денеска во Белград.

Убиецот работел во фирмата „Стопански советник за информациски технологии“ која се занимава со изработка на софртвер, а од која добил отказ пред неколку дена.

Тој денеска се вратил на поранешното работно место и револтиран почнал да пука.

Прво ја поздравил колешката и ладнокрвно се качил на катот. Потоа влегол во една канцеларија каде имало состанок па директно во глава го застрелал Бранко К., па потоа продолжил да пука. Тој го застрелал Марко Ф. во градите, и тој е тешко ранет, а третиот колега Игор Р. за да се спаси скокнал од прозорец од висина од седум метри. И тој е тешко повреден. Кога ги слушнале истрелите другите вработени се заклучиле во своите канцеларии.

 

 

 

Убиецот потоа се вратил во својот стан па се обидел да се самоубие со рачна бомба која ја активирал. Полицијата го пронаѓла и тој е веднаш пренесен на белградските клиники на реанимација.

Полицијата ги истражува причините за крвавиот инцидент. Според некои информации, Небојша С. сам си дал отказ поради несогласување со колегите околу еден проект.