Пукал во полиција и држи заложници во супермаркет

Непознато лице застрелало и ранило полицаец и држи заложници во супермаркет во градот Требу, близу Тулуз, Франција, информираат локалните медиуми. Според градоначалникот, има двајца настрадани, но не е прецизирано дали станува збор за убиени или ранети.

Според првичните информации, вооружениот напаѓач влегол во продавницата и во нејзе држи како заложници непознат број на луѓе. Во моментов супермаркетот е опколен со полиција.

Се претпосатвува дека напаѓачот претходно пукал во полицајци и ранил во рамо еден од нив, а потоа влеггол во маркетот. Тогаш повтроно се слушнале истрели од огнено оружје.

Како што пишува „Франс 24’, осомничениот наводно викал„ Јас сум војник на Исламската држава“.
Минситерството за внатрешни работи го потврдило инцидентот, а полицијата ги информира гражаните да не одат во близина на супермаркетот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.