Пукал во синот затоа што не си ја средил собата

Крвава пресметка ја шокираше јавноста во Ниш. Татко пукал во сопствениот син бидејќи не си ја наместил собата.

18-годишниот Немања С. сега се наоѓа во Клиничкиот центар во Ниш.

Соседите за српскиот Курир велат дека откако таткото се развел минатата година, постојано пиел, па затоа и се карал често со своите синови. Другиот син на Ивица вели дека во четвртокот татко му дошол дома пијан, почнал да се расправа, да ги навредува, но не мислел дека случката ќе заврши крваво. Тој влегол да се тушира кога од дневната соба слушнал пукање.

– Излегов веднаш надвор и видов како мојот брат лежи на подот целиот облиен со крв, додека татко ми држеше пиштол во раката. Ми падна мрак на очи,му се фрлив на татко ми и почнав да го удирам, а потоа додека брат ми уште имаше свест му дадов пешкир за да го сопреме крварењето, вели постариот брат.