Пукање во Барселона: Еден мртов, неколку повредени (видео)

Две вооружени лица, кои сеуште не се идентификувани, наводно отвориле оган врз гости во хотелот Силкен.

Неколку лица се повредени во пукање во Барселона, што се случи попладнево и тоа во главната туристичка област на градот, Ла Рамбла. Полицијата била во потрага по напаѓачите, а според првичните инфомации еден од нив е убиен.

Инцидентот што се случи на раскрсницата помеѓу Ла Рамбла и улицата Пинто Фортуни, предизвика паника помеѓу туристите и жителите на градот.

Раша тудеј, повикувајќи се на весникот „Ла Вангардија“ објави дека најмалку едно лице е потешко повредено, додека другите имале прострелни и убодни рани.

Инцидентот предизвика паника меѓу туристите

Инцидентот што се случи на раскрсницата помеѓу Ла Рамбла и улицата Пинто Фортуни, предизвика паника помеѓу туристите и жителите на градот.

Две вооружени лица, кои сеуште не се идентификувани, наводно отвориле оган врз гости во хотелот Силкен.

Пукање во Барселона – Обид за грабеж на странски турист

Ова пукање во Барселона, според весникот „Ел мундо“ најверојатно му претходело на обидот за грабеж на странски турист.

Инцидентот што се случи на раскрсницата помеѓу Ла Рамбла и улицата Пинто Фортуни, предизвика паника помеѓу туристите и жителите на градот.
Инцидентот што се случи на раскрсницата помеѓу Ла Рамбла и улицата Пинто Фортуни, предизвика паника помеѓу туристите и жителите на градот.

Осомничените успеале да побегнат од местото на настанот, а полицијата веднаш тргнала во потрага по нив, која што речиси се одвивала низ целиот главен град на автономната област во Шпанија, Каталонија.

Еден од осомничените е убиен?

„Ла вангардија“ пишува дека еден од осомничените е убиен во рамки на полициската операција. Претходно, еден од очевидците изјавил дека еден од напаѓачите бил повреден во обид  да избега од местото на настанот.

Според други очевидци, нападот следел како резултат на обид за киднапирање, но засега нема официјална потврда за ова.