Пукање и грабеж во познат скопски маркет

Маркет на „Стокомак“, синоќа бил мета на крадци. Вечерта во 21.45 часот, настанот бил пријавен во полиција.
Имено, во маркетот на уллица „Новопроектирана“, влегле двајца разбојници кои со пиштол им се заканиле на вработените и ги земале парите од дневниот промет.

Лицата испукале два куршуми во магацинот и избегле.

Увид извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи -Скопје при што на лице место се пронајдени и се подигнати две чаури.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.