Пукање кај скопска Зоолошка

Вчера на булеварот Илинден во близина на Зоолошката градина во Скопје Д.М. (1991) од Скопје со својот автомобил „форд“ застанал на семафорите. Во еден момент покрај возилото поминал скутер на кој се возеле две лица. Со рачките од скутерот му го оштетиле десниот ретровизор.

Откако, А.М рекол да застанат, тие си продолжиле. Откако ги престигнал, двајцата извадиле пиштоли и ги впериле кон возилото. Во еден момент се слушнале удари во задната шофершајбна која се распрскала на парчиња.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.