Пукање со пиштоли и огнено оружје во Бутел – сликата кога СДС е на власт

Фејсбук страницата „Го сакам Бутел“, ја објави фотографијата од која јасно се гледа како двајца членови и активисти на СДСМ пукаат со пиштоли во неделата вечерта по изборите пред штабот на СДСМ  во Бутел. Во коментарите под фотографијата, граѓаните од Бутел вознемирано пишуваат: „ На кого остана нашиот мирен Бутел!???“ но и „ Уште не е изгубено. Бутел ќе има втора шанса да го запре ова“.

Фејсбук групата „Го сакам Бутел“ ја објави фотографијата од која јасно се гледа како активисти на СДСМ со пиштоли пукаат пред штабот на СДСМ во Бутел, во неделатра вечерта.

– На овој начин СДС слави во Бутел,сликата е пред штабот на СДС во населено место Расадник. Извесен Газмент со јасна подршка,да се пука има кој стои позади СДС во Бутел!!!  Бутелчани да се ОСВЕСТИМЕ,ИМАМЕ УШТЕ ЕДНА ШАНСА! Пишува во групата.

Стефан Калошев од Бутел пишува:

„Ова не е соживот во Бутел, свестете се“.

Цеко Тапчановски, пушува:

 Нападнати жители на Карпош , претепан полицаец во Св.Николе пред сопствените деца , пукање во Бутел на самиот ден на изборите околу 22 часот . До каде… ? Што потоа…!? Македонци , Албанци ( оние кои не се продадоа за 1000 ден ) Бошнаци , Турци ние сме тие што ке одлучиме во каков Бутел ке живееме , во каков Бутел ке живеат нашите деца . СЕКОЈ ПРОДАДЕН ГЛАС СЕ НАПЛАКА 3 ПАТИ ПОВЕКЕ , СДСМ до пари ли ви дојде , која е цената за Бутел ???

Дел од коментарите на бутелчани погледнете ги во продолжение.

Бутелчани се се поголасни и велат декаа ваквиот хаос и безредие може да се запре во вториот круг од локалните избори. Бутелчани имаат шанса да го спасат Бутел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.