Свет

Пукање во универзитетски кампус – најмалку 15 мртви

Пукање во универзитетски кампус – најмалку 15 мртви

Најмалку 15 лица се мртви во пукање во универзитетски кампус во југоисточен Орегон, според информациите од полицијата.

Портпаролот на полицијата изјави за медиумите дека полицајцијте одговориле на пукањето во Umpqua Community College, околу 10.40 часот по локално време.

Си Ен Ен јавува дека напаѓачот бил приведен, а околу 20 лица се пренесени во болница.

Граѓаните се советуваат да останат подалеку од областа. Во колеџот што се наоѓа во Роузбург, Орегон студираат околу 3.000 студенти.