Пукање во Ѓорче

Вистинска драма се одвивала синоќа околу 22 часот и 15 минути на улицата „Ѓорче Петров“, во близина на кружниот тек.

Според податоците од полицијата, 33-годишниот С.А. кој управувал возило марка „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки, застанал и излегол од возилото со цел да провери дефекти.

Тој забележал дека во негова близина застанало возило „БМВ“ од кое излегле три лица со маски на главите и лицето Н.Ш. од селото Грчец кој извадил пиштол и го репетирал, по што С.А. избегал. Додека бегал, слушнал истрел од огнено оружје.

Полицијата работи на случајот.