среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 23

Пукање во празно

StefanVlahovMitcov

Стефан Влахов – Мицов

ДЕНЕШНАТА ДРАМАТИЧНА СОСТОЈБА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Е СЛИЧНА НА ТАА ОД 2001 ГОДИНА.

Македонскиот народ низ сите градови во државата маршира во одбрана на унитарноста на Македонија, како и за државните граници така и за своето име и идентитет, а македонските политичари, наводните интелектуалци и новинари го предаваат. Македонската национална енергија е НАМЕРНО трошена преку десетиците илјади текстови, прокламации, обраќања за „Црпко”, СДСМ, странски амбасадори. Трошена е преку лозунзи на трибини и марширања низ улици, наместо да се концентрира во ултимативна и ударна тупаница.

Мирка Велиновска со ентузијазам се сеќава како во 2001 „скопјани го освоија законодавниот дом, го претворија во ламарина полицискиот мерцедес со кој се довезе министерот Љубе Бошковски од аспект да ја смири ситуацијата. Наместо тоа, изеде ќотек и згора мораше како пленик на народот да скандира:

„Да живее Македонија!“

И ШТО ОД СЕТО ТОА?

ДАЛИ НАРОДОТ ГО СПРЕЧИ ПОТПИШУВАЊЕТО НА УНИШТУВАЧКИОТ ЗА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА РАМКОВЕН ДОГОВОР? ДАЛИ ПОТОА БЕА КАЗНЕТИ ПРЕДАВНИЦИТЕ ОД ЛЕВО И ОД ДЕСНО? ДЕН-ДЕНЕС СИТЕ ТИЕ СЕ ЗДРАВИ И  ЖИВИ, А ТАКВИТЕ КАКО СТОЈАН АНДОВ СЕ ПЕРЧАТ ДЕКА ПРОТЕСТАНТИТЕ ВЛЕГЛЕ ВО СОБРАНИЕТО, АМА ТИЕ ПРОДОЛЖИЛЕ ДА РАБОТАТ, И ДА ЈА ПОГРЕБУВААТ МАКЕДОНИЈА.

СЕКАКО ДЕКА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД МОЖЕ ПРАКТИЧНО ДА ЈА ОДБРАНИ И ЗАЧУВА СВОЈАТА ДРЖАВА. САМО ШТО, ИМА ЕДЕН УСЛОВ – ДА НЕ БИДЕ ИНСТРУМЕНТАЛИЗИРАН ОД ПАРТИСКИОТ СИСТЕМ КАКО ДОСЕГА.

Гледаме како истите странски окупатори од 2001 користат истите лигушки, курвински и предавнички потфати на наместените од нив раководаства на македонските политички партии. Размислете врз СЕКОЈДНЕВНИТЕ ОБРАЌАЊА на раководството на ВМРО-ДПМНЕ до Заев да се откаже од албанската платформа во замена на премиерско место и целосна поддршка. Ајде да претпоставиме дека Заев навистина ќе се откаже од платформата. Дали со тоа ќе стане помал предавник на македонските национални и државни интереси, помал соработник на странските гробари на Македонија, помал криминалец или попаметна марионета? Изгледа, дека може да биде најголем изрод како тие за кои зборувал Гоце Делчев, ама ако се извини, ќе добие индулгенција за да управува со македонскиот народ! Независно од неговата спремност „живи луѓе ќе јадеме“. Таквиот потфат за ВМРО-ДПМНЕ изгледа идиотски, но е логичен во контекстот на ЗАЕМНИТЕ ДОГОВАРАЊА со СДСМ, ДУИ и ДПА, кои доведоа до Пржино 1 и 2. Тоа се партиски договарања позади грбот на македонскиот народ, позади унитарноста на државата. ТОА СЕ ДОГОВАРАЊА НА НЕКОЛКУМИНА КОИ СЕ НАМЕТНАЛЕ КАКО ГАЗДИ – СТРАНСКИ МАРИОНЕТИ ВРЗ НАРОДОТ, КАКО И НА НИВНИТЕ ПОМОШНИЦИ ФОТЕЛЈАШИ, КОИ ПРАКТИЧНО ЈА УНИШТУВААТ МАКЕДОНИЈА ВО ИМЕ НА МАКЕДОНИЈА.

Ако минатата година Миленко Неделковски не ја урнеше илегално поставената бугарска плоча на Кајмакчалан, таа и денес ќе беше таму, и стотици автори ќе вежбаа со памфлети против тоа злосторство. И никому ништо. Ама еве, индивидуалецот (а не разни комисии, извршни совети, организации итн.) го реши проблемот ЗА ЕДЕН ДЕН. Наметнатата политичка криза пред три години, исто така МОЖЕШЕ ДА СЕ РЕШИ ВЕДНАШ. Само што, луѓето кои беа спремни за тоа, беа спречени од политичките партии. Ново издание на односите меѓу Внатрешната револуционерна организација и гемиџиите во 1903 година.

ЗОШТО ЛОЗУНЗИТЕ НА МИТИНЗИТЕ ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА ЦЕЛОСНО СЕ ПОКЛОПУВААТ СО КОНТРОВЕРЗНИТЕ ИЗЈАВИ НА Раководството на ВМРО-ДПМНЕ? ДОСТА МУ Е НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЛУЖИ КАКО ИНСТРУМЕНТ НА КОЈА И ДА Е ПАРТИСКА ПОЛИТИКА. ДОСТА Е СО БРАНЕЊЕ НА МОМЕНТАЛНИТЕ ПАРТИСКИ ИНТЕРЕСИ НАМЕСТО СО ТРАЈНИ МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛНИ И ДРЖАВНИ ИНТЕРЕСИ.

ЗОШТО ЕДНОСТАВНО НЕ СЕ БАРА ПОПИС И НОВИ ИЗБОРИ, ТУКУ ПРОДОЛЖУВАТ ПРЕГОВАРАЊАТА ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА АЛБАНСКАТА ПЛАТФОРМА?

ЗОШТО ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА МИТИНЗИТЕ НЕ ГО ОХРАБРАТ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ДА ПОБАРА ИТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ?

ЗОШТО ПРОТЕСТИТЕ НЕ СЕ ПРЕД СТРАНСКИТЕ АМБАСАДИ И СЕДИШТЕТО НА ЕУ, ОТКАДЕ ДОАЃА ДИРЕКТИВАТА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА?

ЗОШТО НЕ СЕ ОРГАНИЗИРА КАМПУВАЊЕ ПРЕД ЗГРАДАТА НА СОБРАНИЕТО И КАЈ РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВОДНО? ТИЕ ДВЕ ИНСТИТУЦИИ МОРА ДА СЕ ОДБРАНАТ ОД СТРАНСКИТЕ ТЕРОРИСТИ И ДОМАШНИТЕ ПРЕДАВНИЦИ.

ЗОШТО НА МИТИНЗИТЕ ДА НЕ БИДЕ ОСУДЕНА СПРЕМНОСТА НА ФУНКЦИОНЕРИ КАКО МИЛОШОСКИ И ТОДОРОВ ДА СЕ ДОЗВОЛИ ПРЕДАВНИЦИТЕ И СЕПАРАТИСТИТЕ ДА ВЛЕЗАТ ВО СОБРАНИЕТО, ДА ИЗБЕРАТ ПРЕТСЕДАТЕЛ АЛБАНЕЦ И СО ТОА ДА ГИ ОДЗЕМАТ ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ? РЕТОРИКАТА ДЕКА ТОА ЌЕ БИДЕ ВО ИНТЕРЕС НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ НЕ ЧИНИ НИ ПЕТПАРИ ВО КОНТЕКСТОТ НА СПРЕМАЊЕТО АТЕНТАТ ВРЗ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ.

МОМЕНТАЛНО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е НАТЕРАН ДА ПУКА ВО ПРАЗНО И НА ТОЈ НАЧИН НАМЕСТО ДА ЈА БРАНИ МАКЕДОНИЈА, ГИ БРАНИ ПАРТИСКИТЕ ЛИДЕРИ ОД ЛЕВО И ОД ДЕСНО. ЗАТОА РЕЗУЛТАТОТ ЌЕ БИДЕ ИСТИОТ И УШТЕ ПОЛОШ ВО СПОРЕДБА СО 2001, АКО УЛИЦАТА НЕ ПОСТАВИ УЛТИМАТУМ НА ПАРТИСКИТЕ ЕЛИТИ. УЛТИМАТУМ ЗА ИТНИ ИЗБОРИ СО НОВ ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ, НОВИ СТРАТЕГИИ, НОВА ГЕОПОЛИТИЧКА ОРИЕНТАЦИЈА И НОВИ ЛИЧНОСТИ.

ЗА КРАЈ, ЕДНА ЗАБЕЛЕШКА – ДА НЕ ГО ЧЕКАМЕ ГОДО, Т.Е. ТРАМП ДА НИ ЈА СРЕДИ СОСТОЈБАТА. ЗАТОА ШТО ТОЈ ПИЕ ВОДА ОД ИСТИОТ БАРДАК КАКО И НЕГОВИТЕ ПРЕТХОДНИЦИ. НЕЛИ И БЛОКАДАТА ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ЗА ИМЕТО И ВОЈНАТА ВО 2001 год. ЈА СРЕДИ РЕПУБЛИКАНСКАТА ПАРТИЈА. АМЕРИКАНСКАТА ПОЛИТИКА ВО ОДНОС НА БАЛКАНОТ НЕМА СУШТИНСКИ ДА СЕ ПРОМЕНИ, ЗАТОА МОРА ДА ИМАМЕ ХРАБРОСТ ДА СЕ СООЧИМЕ СО НЕА, И ДА НЕ СЕ ЗАЛАЖУВАМЕ СО ПРИКАЗНИ.

Најчитани вести