Пукање во Сиетл, петмина ранети

Во американскиот град Сиетл синоќа биле ранети петмина луѓе пред продавница, од кои двајца се во критична состојба.

Локалната полиција смета дека инцидентот не е поврзан со протестите против новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп кои беа одржани ширум Америка, вклучувајќи го и Сиетл.

Како што пренесува „Еј-би-си њуз“ мажот осомничен за пукањето побегнал и полицијата трага го него. Негови жртви се четворица мажи и една жена на возраст од 20 до 50 години кои се префрлени во болница. Двајца мажи се во критична состојба.

Заменикот на шефот на полицијата на Сиетл Роберт Мернер изјави дека нема поврзаност меѓу пукањето и протестите против Трамп.