Пукање во скопско Арачиново

Пукање во скопско Арачиново

Ноќеска околу 2 часот од автомобил биле испукани повеќе куршуми од автоматско оружје кон куќата на А.И. во скопско Арачиново.

Од МВР информираат дека во инцидентот биле оштетени повеќе прозорски стакла и фасадата од куќата, а по превземените мерки од полицијата од местото подигнати се околу 40 чаури кои се предадени на вештачење.

Полицијата работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.