Пукање во супермаркет во Атланта, две лица повредени

Две лица се повредени во пукање во еден супермаркет во предградие на американскиот град Атланта, соопшти локалната полиција.

Портпаролот на тамошната полиција рекол дека пукањето се случило во супермаркетот „Крогер“ во попладневните часови, по локално време, по што биле приведени две лица.

Пукањето се случило по вербална и физична расправија во продавницата, но повеќе детали не се познати.

Повредените се пренесени во болница, но не се знае нивната состојба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.