Македонија,Крими хроника

Пукање во Тетово, еден повреден

Пукање во Тетово, еден повреден

Едно лице е повредено во синоќешното пукање во Тетово, кога непознати лица употребиле огнено оружје кон двајца браќа.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи синоќа околу 21.20 часот на улицата Видео Смилески Бато се одвивала вистинска драма. Додека двајцата браќа, 44-годишниот Т.Р. и Х.Р. се возеле во автомобил „ауди“ со тетовски регисатрски таблички биле пресретнати од „ауди“ со скопски ознаки.

„Ауди“-то им го попречило патот на браќата од Тетово и од него излегле неколку непознати лица. Т.Р. исто така излегол од автомобилот и во еден миг еден од непознатите лица извадил пиштиол и пукал кон него. Еден од куршумите се одбил од асфалтната површина и го повредил Т.Р. во пределот на десната потколеница. По инцидентот насилниците избегале во непознат правец, а повредениот бил однесен во медицинскиот центар во Тетово. Констатирана му е телесна повредна, но е сериозно.

Тетовска полиција извршила увид на местото на инцидентот и работи на расчистување на случајот.