Пукање во училиште во Кондово

Во текот на вчерашниот ден Н.А. од селото Кондово пријавил дека поради нерасчистени односи Р.А. и Ј.И. постојано психички го малтретирале неговиот син и од истиот барале пари кои не им ги должел.

Според податоците, поради оваа причина Н.А. отишол во Основното училиште во селото за да разговара со А.А. инаку татко на Р.А. за истиот да го смири неговиот син. Сепак, таткото почнал да го навредува неговиот син и пробал физички да го нападне Н.А., но вработените го спречиле.

Подоцна во дворот на училиштето со две возила пристигнале Ј.И. и Р.А. при што Р.А. со пиштол му се заканувал на Н.А. и откако влегле во возилата испукал еден куршум.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

За среќа, драмата не се завршила трагично.