четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 8

Пукано на нив додека биле по дрва

Д.А. вчера во полициската станица Прилеп пријавил дека дента околу 10 часот на местото викано „Леково“, додека со неговите браќа, со две запрежни возила, тргнале да собираат огревни дрва, го забележале лицето К.Т. (56) од Прилеп, кој со себе носел ловна пушка и кој во еден момент пукал кон Д.А., но не го погодил.

пушка

Поврзани вести

К.Т. и по втор пат пукал со пушката кон Д.А. и го погодил во пределот на десната надлактица, левата подлактица и левата нога, а потоа го напуштил местото на настанот. Д.А., од страна на своите браќа, бил пренесен во Јавната здравствена установа-Прилеп каде му биле констатирани телесни повреди. Полициски службеници од полициската станица Прилеп го привеле К.Т. и со потврда за привремено одземени предмети одземени му се една ловна пушка од руско производство, еден ловен карабин „Црвена Застава“, една ловна пушка од бугарско производство и два патрони. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најчитани вести