Пукано во братот на градоначалничката на Битола

Во близина на Ѓавато на магистралниот пат Ресен – Битола во понеелнико од огнено оружје е ранет 36-годишниот Михајло С. брат на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, пренесува порталот Журнал.нет.

Според полицискиот билтен во текот на вечерта во 22,30 часот повредениот Михајхло С. заедно со уште едно лице идентификувано како Сашо Ф. вракајќи се од лов, се паркирале на паркинг на патот Битола – Ресен и додека биле надвор од возилото Сашо Ф. му ја дал наполнетата пушка на Михајло С., и потоа Сашо се одалечил од возилото. Но, потоа се слушнал еден истрел и го видел Михајло С. како лежи покрај возилото. Ранетиот бил однесен во Клиничката болница Битола, по што му бил извршен хирушки зафат.

Сепак во битоласката чаршија во вторникот може да се слушаат многу поинакви верзии од вчерашниот настан во однос на извештајот на МВР.

Една од поверодостојните верзии е дека вчера вечер имало физичка пресметка меѓу двете лица при што на крајот завршила и со ранување од огнено оружје на едно лице, Михајло С.

Муабетите кои се шират во битолската јавност, се и тоа како може едно огнено оружје само да испука оставено покрај возилото како што стои во полицискиот извештај, додава порталот.

Исто така, се зборува и дека имало голема нетрперливост помеѓу двете лица, која прераснала во физичка пресметка, а потоа и ранување од огено оружје.

Денеска низ битолската чаршија се говори и дали ова е животот кој го нудеше СДСМ во текот на својата изборна кампања, криминалните активности, убиства, грабежи, нерасчистени случаи дојдоа и во Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.