Пукано врз автобусот на раперот Лил Вејн

Автобусот во кој се наоѓаа музичарите од придружбата на американскиот рапер Лил Вејн, утрово е нападнат во Атланта кога, засега непознати извршители, стрелаа кон возилото.

Инцидентот се случил околу 4 часот по полноќ откако завршил настапот на раперот во еден од ноќните клубови во Атланта.

За сега не е познато дали Лил Вејн бил во еден од автобусите врз кои е пукано.