Пукано врз полицаец во Париз

На три пати било пукано врз полицаец, кој работел на контролата на автомобилите на местото Малакоф – Шатијон на излезот од Париз, објавуваат повеќе француски медиуми.

Информацијата не е потврдена од властите и нема повеќе детали дали станува збор за поврзаност со претходниот терористички напад. Полицаецот се наоѓа на земја.

Во инцидентот според очевидците било вмешано сиво Рено Клио, а биле истрелани и неколку куршуми, исто така според сведоците од автомастко оружје и имало уште едно друго лице на земја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.