“Пукна” врската помеѓу Вудс и Вон

По три години врска, еден од најбогатите голфери во светот и една од најдобрите скијачки на денешницата, Тајгер Вудс и Линдзи Вон не се повеќе заедно.

Тајгер и Линдзи цело време беа заедно, на голф турнирите и на ски трките, а се зборуваше и за веридба, но неколку месеци подоцна наместо тоа се случи разделба.

“Тајгер и јас заедно одлучивме дa не бидеме повеќе заедно бидејќи нашите кариери се пречка да поминуваме повеќе време заедно. Секогаш со воодушевување во срцето ќе го чувам Тајгер и неговиот однос кон моето семејство”
, објави Вон на социјалните мрежи.

Да потсетиме, пред оваа врска, сопругата го остави Тајгер Вудс откако беше откриено дека голферот и бил неверен.