Пукнатиот нокт излекувајте го со кесичка чај

Секоја жена барем еднаш доживеала да и пукне нокт во ситуација кога тоа е најмалку потребно.

За среќа, постои ефикасно решение кое ќе ви помогне да го санират овој мал проблем.

За да ја поправите оваамала штета, потребна ви е мала вештина, кесичка чај, ножички, турпија, малку лепак и лак за нокти.

Исечете ја кесичката чај во облик на вашиот нокт, а потоа скршениот нокт премачкајте го со лепак за нокти на кој ќе ја залепите исечената кесичка. Потоа почекајте лепакот да се исуши. По сушењето, потребно е ноктот да се премачка со уште еден слој лепак за нокти, а по некое време ноктот треба да се истурпира. Веќе скршениот нокт нема да биде воочлив, па можете да го премачкате прво со проѕирна боја, а потоа и со лак во бојата која сте ја одбрале.