четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 61

Пукотница кај Цветен пазар

Последни вести

Истрели од огнено оружје денеска околу 13:30 часот ги вознемирија жителите на скопската населба Капиштец.

Пукотницата се случила на улицата „Народен фронт“ во близина на Цветниот пазар.

За среќа повредени нема, а од истреланите куршуми оштетен е автомобил марка „хонда“, кој бил паркиран во близина.

Од МВР информираат дека полициска екипа во моментов врши увид на местото на настанот.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

 

Најчитани вести