Пукотница во Сарај

Дваесет и петгодишиот Ќ.Љ. од с.Грчец, скопско, вчер пријавил дека во Сарај бил нападнат со огнено оружје.

Имено, на бензинска пумпа во селото Сарај,  А. Н.  два пати пукал со огнено оружје кон Ќ.Љ., но не го погодил. Потоа С. Н.  ,братучед на А.Н, со „Фолксваген Голф“ го бркал Ќ.Љ. , при што биле испукани уште три куршуми. И после ова пукање  Ќ.Љ. не застанал,  продолжил да се движи и си отишол дома.

Увид на местото на настанот  извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Од МВР информираат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.