Пукотници на Универзитетот УКЛА во САД, две лица мртви

Две лица загинаа во пукотници во Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес (УКЛА), што се случиле во четвртата зграда, потврдија од управата на Универзитетот, пренесува „Раша Тудеј“.

Полицијата од Лос Анџелес вели дека двете жртви се мажи што биле најдени мртви во зградата.

Голема е можноста една од жртвите да е напаѓачот, но сеуште не знаеме, вели шефот на полицијата Џејмс Херен.

Полицијата пристигнала на местото околу 10 часот по локално време. Од Универзитетот велат дека во моментов студентскиот кампус е целосно заклучен.