Пукотници во Охајо – има жртви

Пукотница, во која животот го загуби едно лице се случила вчера во американската сојузна држава Охајо.

Инцидентот се случил во барот „Dabls“ во Хамилтон.

На лице место излегле полициски и медицински екипи, пренесе порталот Дејтон дејли њуз.

Според порталот, пукотницата се случила ноќеска, околу два часот по полноќ, по локално време, а според првичните информации, со огнострелни повреди завршиле најмалку две лица.

Во истиот бар во август минатата година исто така беше регистриран вооружен инцидент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.