Пукотници во Швајцарија, убиени неколку лица

Неколку лица се убиени во пукотница во текот на ноќта во Вирелинг, во швајцарскиот кантон Аргау, соопшти денеска локалната полиција.

Според локалните жители пукотници се чуле околу 23 часот по локално време.

Полицијата по пристигнување на местото на настанот открила неколку тела во куќа и околу неа, се наведува во соопштение на полицијата.

Сите убиени се возрасни лица, а полицијата врши идентификување на жртвите. Мотивот и околностите за пукотницата се уште не се познати.

Вирелинг е град со околу 4.500 жители северозападно од Цирих во близина на границата со Германија.