Пулените на СДСМ, Поповски и Унковски, земале над 73.000 евра од Општина Центар

Пулените на СДСМ Поповски и Унковски земале над 73.000 евра од Општина Центар
Пулените на СДСМ Поповски и Унковски земале над 73.000 евра од Општина Центар

Друштвото за театарски и едукативни дејности ТЕАТАР НА НАВИГАТОРОТ ЦВЕТКО ДОО Скопје чиј што единствени сопственици се режисерите Александар Поповски и Слободан Унковски земале по 4,5  милиони денари или над 73.000 евра за проект од Општината Центар на Андреј Жерновски, пишува порталот „Курир

Од решението се гледа дека Општината Центар едногласно одлучила да се доделат пари на ова друштво, а оставила можност таа сума да се зголеми. Овие пари се за тековната 2015 година. Скандалозно е што и двајцата,  Поповски и Унковски се отворени поддржувачи на политиките на СДСМ, што често може да се заблежи и во нивните јавни настани. Слободан Унковски е и поранешен министер во владите на СДСМ.

navigator500

Тие се критичари на актуелната владата и предничат со својот жолчен и на моменти агресивен настап. Очигледно тие за ваквото однесување имале дебела финансиска причина. Ваквото финансирање отвора дилема дали ова е начинот на кој СДСМ ги плаќа своите плукачи по власта. Особено е скандалозно што Општината Центар и Жерновски секојдневно се жалат за недостик на средства, а од друга страна истураат пари на здруженија за проекти кои не ги решаваат проблемите на граѓаните.

navigator-1

unko-pop

Останува Жерновски да објасни по кој критериум доделил парите и тоа токму на луѓе од СДСМ, дали се работи за разработена финансиска мрежа за финансирање на СДСМ и зошто има пари за нивните проекти а нема за решавање на проблемите на граѓаните- како осветлување, канализација, проблеми со неасфалтирани улици.