Отворени пунктови во Струга за донации за настраданите во тетовско

Отворени пунктови во Струга за донации за настраданите во тетовско
Отворени пунктови во Струга за донации за настраданите во тетовско

Општинската организација на Црвениот крст – Струга денеска се приклучи кон акцијата за помош на настраданото население од невремето што пред неколку дена ги зафати Тетово и тетовско.

Претседателката на Црвениот крст – Струга, Адуриме Даути информира дека граѓаните може да донираат вода и средства за хигиена на пунктовите во просториите на организацијата и на Градското шеталиште.

Клубот на млади постави пункт за донации во просториите на Општинската организација на Црвен крст и на Градското шеталиште. Присуствува и група студенти од Тетовскиот универзитет кои ќе ја помогнат акцијата за собирање, пред се вода за пиење и средства за хигиена и дезинфекција, рече Даути.

Граѓаните може да донираат за настраданите од невремето во тетовско и на сметката за солидарноста на Црвениот крст 300000001327966, ДБ: 4030984271620 – Комерцијална Банка, на телефонските броеви за донации 075/070/077 143-400, 100 денари од повик и во општинските организации.

Апел за настраданите во тетовско
Апел за настраданите во тетовско

Апел за помош за настраданите во Тетовско

Помош со донирање вода за пиење, средства за хигиена, храна, ќебиња е потребна за погодените домаќинства во Тетовскиот регион од завчерашното невреме.

Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 8 до 16 часот секо ден до 15-ти овој месец. Контакт телефон за предавање донација: 3096-227.

Од Црвениот крст на Република Македонија информираат дека заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат и со обезбедување парична помош на сметката на Фонд за солидарност: 300000001327966, ДБ: 4030984271620 – Комерцијална Банка, како и со донирање 100 денари со повик на телефонските броеви: 075/070/077 143-400.

Црвениот крст следејќи ги случувањата на терен, донираните парични средства ќе ги насочи наменски за помош на настраданото население од поплавите, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.