Пунктови за коверти за четвртото извлекување за „Фискални во рака-награда без мака“

Државна лотарија на Македонија како организатор на Наградната игра Фискална во рака – награда без мака, ги известува заинтересираните учесници дека во пресрет на 4-тото извлекување кое ќе се реализира на 31 март 2014та година, покрај испраќањето по Пошта со наменската поштенска марка по цена од 8 денари која може да ја добијат во сите експозитури низ РМ, учесниците во наградната игра може да ги оставаат своите адресирани коверти со фискални сметки и лични податоци на специјално одредените пунктови од кои еден е во зградата на МРТ.

Другите се на различни локации пред уплатно- исплатни места за игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, обележани со знакот – СРЕЌНО МЕСТО.

Во Скопје: секој ден во тек на работното време на среќните места: Толлакс на улуца Македонија и МПМ Пресс кон Плоштад Македонија.

Во другите градови:

Понеделник, 24.03.2014 (11:00 – 15:00ч.)
ВЕЛЕС – продажно место ЛОТО77
КУМАНОВО – продажно место КЕОПС

Вторник, 25.03.2014 (11:00 – 15:00ч.)
ШТИП – продажно место ТУТУН ПРОМ
СТРУМИЦА – продажно место ВАТКОС
КОЧАНИ – продажно место АНАФИЛ

Среда, 26.03.2014 (11:00 – 15:00ч.)
ГЕВГЕЛИЈА – продажно местоМОНТЕ МК
КАВАДАРЦИ – продажно место СИГМА

Четврток, 27.03.2014 (11:00 – 15:00ч.)
БИТОЛА – продажно место ВАГАБОНД
ПРИЛЕП – продажно место ТОБАКО ПЛУС

Петок, 28.03.2014 (11:00 – 15:00ч.)
ОХРИД – продажно место ПРАГМА
СТРУГА – продажно место КИКИ ТВИНС
КИЧЕВО – продажно место ДЕТЕЛИНКА

Сабота 29.03.2014 (11:00 – 15:00ч.)
ГОСТИВАР – продажно место ЈОТОН
ТЕТОВО – продажно место БАРТОН