Пупиновски, Цетински, Жаре и Розга вечерва на Пиво фест

На прилепскиот Пиво фест вечерва ќе настапат најголемите ѕвезди на фестивалот. Третата вечер ќе ја отвори македонската легенда Ефто Пупиновски кој ќе ги изведе своите најголеми хитови од 40 годишната кариера.

По него ќе настапи Жаре Бербер кој ветува голема забава. Трет на сцената ќе настапи Тони Цетински, а по него сексапилната Јелена Розга. Таа ќе ги изведе песните кои ги пее целиот Балкан, но и својот најголем хит во последно време насловен „Циркус“.

Инаку, организаторите велат дека се презадоволни од синоќешната вечер од посетенота, а штандовите велат дека се задоволни од количината на испиеното пиво и изедената скара.