Магазин

Pure Color Nail Lacquer и Envy Lipstick – обојте го денот во ведри бои!

Pure Color Nail Lacquer и Envy Lipstick – обојте го денот во ведри бои!

Не дозволувајте ладното време да ви го наруши расположението! Обојте го денот со ведри бои! Pure Color Nail Lacquer и Envy Lipstick од брендот Estée Lauder се вашите идеални сојузници за таа намера!

Кармините Envy Lipstick ви нудат бои што ја имаат моќта да ги трансформираат вашите усни, вашиот изглед, вашиот став.

karmini_1

Овој кармин ги бои усните со боја која има висок интензитет и тоа со само еден потег. Широката палета на бои ви нуди нијанси за сите тонови на кожата. Големиот број пигменти создаваат дефиниција. Усните добиваат убава форма, оцртани се и заоблени.

Кармините Envy Lipstick се специјално дизајнирани за да ја дефинираат заобленоста на вашите усни, мошне лесно се нанесуваат, ви овозможуваат чувство на удобност и траат до 6 часа. Тие се спакувани во луксузна амбалажа која се затвора само со еден потег.

lakovi_2

Лакот за нокти Pure Color на Estée Lauder ви овозможува секогаш да бидете модерни преку широката палета на сензационални тонови.

Овие лакови се произведени со брендираната True Vision технологија која ја трансформира вообичаената боја и ја прави исклучителна: богата и сјајна со интензивен сјај.

Овие лакови мошне брзо се сушат, долго траат и не распукуваат. Она што посебно ќе ве изненади е тоа колку лесно се нанесуваат. Лесната апликација на лакот се должи токму на специјално дизајнираната четка. Со само три потези, во средина, лево и десно – и готови сте!