Шефот на Комитетот за меѓународни работи на руска Дума, Алексеј Пушков изјави дека Хилари Клинтон е виновна за катастрофата во Сирија.
Тој во рускиот парламент ја нарече американската сенаторка коавтор на терористичката организација Исламска држава и истакна дека не очекува подбрување на односите помеѓу САД и Русија се додека на претседателката позиција во Вашингтон е Барак Обама.
-Нема да бидеме добри со Американците, но тоа веќе е јасно. Обама е највоздржаниот американски лидер, но се уште имаме иста ситуација, рече Пушков.
Според неговите зборови, наследници на Обама може да бидат само веќе познати лица.
-Да речеме Хилари Клинтон која е меѓу одговорните за катастрофалната криза во Сирија и создавање на Исламска држава. Покрај неа тука се и потполно лудите луѓе од Републиканската партија. Тие немаат знаење, не се компетентни и многу се агресивни – наведе Пушков.