Пуштен во употреба локалниот пат Негорци – Серменин

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска, во придружба на градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов, ги пушти во употреба локалниот пат Негорци – Серменин и фекалната канализациска мрежа за населбата Мрзенци.

Како што рече министерот Јанакиески, патот од Негорци до Серменин долг околу седум километри и инвестиција вредна 800 илјади евра, ќе ја олесни комуникацијата на повеќе од 2.000 жители од двете населени места и ќе овозможи побезбеден и побрз пристап до општината.

Со канализациската мрежа, пак, во населбата Мрзенци, долга пет километри и инвестиција вредна 270 илјади евра, се реши долгогодишниот проблем на 500 жители на Мрзенци. Проектот беше нивно барање, но и ветување на градоначалникот, а овозможи уредно и контролирано третирање на отпадните води во постоечкиот колектор на Гевгелија.

– Со реализацијата на сите проекти, Владата заедно со општините како крајни корисници, максимално работи на подобрување на квалитетот на животниот стандард на граѓаните, вклучително и општина Гевгелија, која во изминатите неколку години го доби ликот на една современа и модерна општина, имајќи го предвид нејзиниот економски развој и географска положба, истакна Јанакиески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.