Пуштени во функција новите пешачки семафори кај „Млечен ресторан“

Екипи на ЈП Улици и патишта Скопје, одговорни за одржување на светлосната сигнализација во градот, ги пуштија во функција новите пешачки семафори на крстосница бул. „Метрополит Теодосиј Гологанов“ со ул. „Анкарска“ кај „Млечен ресторан“.

Монтирани се еден портален, еден конзолен и еден обичен семафорски столб.

Семафорските портални столбови се поставени по налог на Град Скопје, а со цел зголемување на безбедноста и сигурноста на учесниците во сообраќајот.