Македонија

Пуштено повеќенаменско игралиште во Македонија

Пуштено повеќенаменско игралиште во Македонија

Денеска во Гевгелија во СРЦ “Касарна”, беше пуштено 39-то по ред, од вкупно 51 изградено повеќенаменско игралиште.

Игралиштето го пуштија во употреба директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов.

Игралиштето кое е дел од поширокиот проект на Владата за изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ државата овозможува одржување на тренинзи и натпревари во мал фудбал, кошарка, ракомет и други спортови.

DSC09433

-Вложувањето во спортот и спортската инфраструктура е еден од врвните приоритети на Владата, која сака да овозможи спортот да биде достапен секому и секаде подеднакво. Затоа, во континуитет се реализираат проектите за изградба на фудбалски игралишта, спортски сали, повеќенаменски игралишта и тениски терени низ целата држава. Од овие проекти не беше изземена ниту Гевгелија, каде досега преку АМС се инвестирани половина милион евра за изградба на двојниот тениски терен, повеќенаменското игралиште и фудбалското игралиште во Миравци, потенцираше директорот Спасески.

DSC09436

Градоначалникот Франгов ги повика младите да го практикуваат спортот, но истовремено и да ги чуваат новоизградените терени и вети дека соработката со Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи и во иднина.

DSC09473

Дополнително,  на градскиот фудбалски стадион двајцата го промовираа и проектот на АМС, “Урбан ѕид”, со кој ги стимулираа младите луѓе да творат и цртаат графити со позитивни содржини.