Пуштено во употреба повеќенаменско игралиште во Радовиш

Полека но сигурно ја менуваме спортската мапа на Македонија и градиме концепт на здрава нација и концепт на психо-физички здрава младина. Ова меѓу другото го истакна Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевски на свеченото пуштање во употреба на новото мултифункционално игралиште во Радовиш изградено со средства на Агенцијата за млади и спорт, во рамки на проектот„Изградба на 100 повеќенаменски игралишта во Република Македонија“.

На отворањето на новото повеќенаменско игралиште во дворот на ООУ Никола Карев  присуствуваа и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски и градоначалникот Сашко Николов.

igra_5

Градоначалникот Сашко Николов во своето излагање пред присутните гости кажа дека во општина Радовиш ги знаат придобивките од спортот и спортскиот развој на младите и дека посветуваат сериозно внимание на развојот на истиот.

igraliste_rd (3)

Потенцирајки го фактот дека сите спортски екипи во Радовиш целосно се финансирани од буџетот на општина Радовиш како и фактот дека е рестартирана и општинската лига во фудбал градоначалникот Николов вети дека покрај досега изградените спортски терени и фудбалски игралишта и понатаму во иднина на територијата на општина Радовиш ќе никнат голем број на нови игралишта и спортски терени.

igra_6

Вицепремиерот и Министер за финансии Зоран Ставревски истакна дека Владата на Република Македонија секогаш со радост и од срце ги финансира проектите од спортска инфраструктура.

– Градењето на спортски терени и спортски игралишта стана препознатлив бренд на Агенцијата за млади и спорт и на владата на Република Македонија, истакна Ставревски набројувајќи ги и останатите инфраструктурни проекти кои што заедно со Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов ги имаат реализирано во општината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.