Пусиќ ќе се кандидира за генерален секретар на ОН

Zagreb,11.10.2012 (pogled) - Vesna Pusic, uz intervju I.Frlan foto Davor Kovacevic pogled

Хрватската министерка за надворешни и европски работи Весна Пусиќ во интервју за весникот „Индепендент“ потврди дека ќе се кандидира за генерален секретар на ОН, додавајќи дека за неа е вистинска чест да биде дел од процесот, пишува „Танјуг“.

– За мене е голема чест да бидам дел од процесот, вели Пусиќ за весникот кој пишува дека таа има „пристојни изгледи“ за местото на кое што ќе треба да го наследи Бан Ки – мун по истекувањето на неговиот мандат во декември.

Генералниот секретар на ОН го именува Генералното собрание на препорака на советот за безбедност.

Неформалната пракса на регионалните ротации покажува дека новиот шеф на ОН би требало да биде од Источна Европа, а истовремено се зголемува поддршката на тоа место да биде именувана жена.