Пушка и дрога пронајдени на македонско-грчка граница

На 27.09.2016 година околу 15:00 часот во меѓупросторот помеѓу Р.Македонија и Р.Грција, во близина на задниот дел на напуштениот Фри-шоп, полициски службеници од полициската станица за Граничен премин „Богородица“ пронашле патна торба во која имало една автоматска пушка М70 АБ 2 и две празни рамки за муниција.

По извршеното пребарување на непосредната околина, во 15.30 часот на околу 30 метри оддалеченост, пронашле уште три торби во кои имало осум пакувања (секое со тежина од околу 400- 500 грама) непозната тревкаста материја, најверојатно марихуана.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица, Крим-техника и НК КР Гевгелија, а пронајдените предмети се подигнати за понатамошна постапка.