Пустец останува општина

Пустец во Албанија го задржува статусот општина, но не и општините во областите Гора и Голо Брдо, кои се населени воглавно со Македонци.

– Министерот за локална самоуправа Бленди Чучи пред парламентарната комисија за територијалната реформа престави пет варијанти за територијалната реформа. Во сите пет варијанти општина Пустец не се укинува и останува посебна општина. Додека општините во Голо Брдо и Гора во сите пет варијанти се припојуваат со повеќе општини, изјави Васил Стерјовски од македонската партија Македонска алјанса за европска интеграција, кој како претставник на Македонците присувуваше на денешаната седница на комисијата.

Во овој период, нагласува тој, ќе дадеме максимум и ќе ги искористиме сите законски процедури и да издејствуваме општините во Гора и Голо Брдо да останат како посебни или да се организира по една општина за секоја област.